Македонија Дебатата почна во Собранието, професорите одбија да учествуваат

Дебатата почна во Собранието, професорите одбија да учествуваат

Дебатата за законот за високо образование почна во Собранието на Република Македонија, но на неа не учествуваат професорите од „Професорски пленум“ и студентите.

Претходно, по барање на професорите, премиерот Никола Груевски ја префрли дебатата од хотелот „Александар палас“ во Собранието на Република Македонија.

Инаку, додека Ванковска даваше изјава за медиумите, премиерот ги покани на дебата. Кога професорите го одбија тоа, Ванковска го замоли Груевски да апелира до Собранието дебатата за измените на законот за високо образование да ја префрли во законодавниот дом. Груевски тоа веднаш го прифати, а се согласи и професорката Ванковска.