Македонија Дебата за измена на Законот за вработување на лица со инвалидност

Дебата за измена на Законот за вработување на лица со инвалидност

Министер за труд и социјална политика, Диме Спасов

Сите приватни комапнии и јавни институции што имаат повеќе од 35 вработени, ќе имаат законска обврска да вработат по едно лице со инвалидитет. Воведувањето на квотниот систем е новина во предлог-законот за вработување на лица со инвалидност, што треба да ја подобри стапката на вработеност на овие лица, да ја зголеми нивната општествена инклузија и, пред сè, да ја подигне свеста за положбата на лицата со инвалидитет.

Денеска се одржува првата јавна дебата по повод новите законски измени, на која учествуваат релевантни граѓански здруженија.