Македонија Дебата: Постојат ли услови за непосредна демократија?

Дебата: Постојат ли услови за непосредна демократија?

На 15 декември 2014 година, понеделник, со почеток во 10 часот, во ГЕМ-клубот во Старата скопска чаршија, Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ ќе одржи дебата на тема „Постојат ли услови за непосредна демократија?“, на која ќе бидат споделени македонските и хрватските искуства на непосредно изјаснување на граѓаните.

„Искуството покажува дека малобројните обиди за непосредно учество на граѓаните при носење одлуки најчесто се неуспешни, а државата поставува пречки на патот кон организирање референдумски и други видови граѓански иницијативи. Таквата ситуација е поттик да се преиспита функционалноста на постојните правни и општествени рамки, кои ја уредуваат непосредната демократија. Зачестените иницијативи во Хрватска за директно учество на граѓаните во носењето значајни општествени одлуки е причината поради која на оваа дебата ќе ги размениме македонските и хрватските искуства. На дебатата ќе учествуваат Ивана Драгшиќ, Петрит Сарачини, Рената Треневска-Десковска, Теодор Целакоски, Драгана Зелиќ, Нада Наумовска“, стои во соопштението.