Македонија Дебата „Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2“

Дебата „Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2“

На денешната собраниска Комисија за европски прашања, ќе се одржи дебата за „Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2“.

Расправата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Во Собранието денеска јавна расправа ќе се одржи и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Тема на јавната расправа е „Работната верзија на предлог-законот за општа управна постапка“.

Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика, која ќе расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, и двата во второ читање.