Свет Де Зајас: Шведска и Велика Британија да ја почитуваат одлуката на ОН...

Де Зајас: Шведска и Велика Британија да ја почитуваат одлуката на ОН за Асанж

Шведска и Велика Британија да ја почитуваат препораката од работната група на светската организација и да му овозможат слободно движење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, порача денеска експертот за човекови права на ОН, Алфред де Зајас.

– Овие земји треба да покажат добар пример и да ја почитуваат одлуката на работната група на ОН – истакна Де Зајас.

Лондон и Стокхолм го отфрлија необврзувачкото мислењето од работната група на ОН, според кое престојот на Асанж во еквадосрката амбасада во Лондон е еднаков на незаконски притвор.