Свет Балкан Давутоглу размислува да поднесе оставка

Давутоглу размислува да поднесе оставка

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, размислува да поднесе оставка поради борбата за превласт што ја води со претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуи.

Весникот „Хуриет“ пишува дека премиерот Давутоглу неодамна се судрил со Ердоган поради планираните промени на уставот, кои би довеле до зајакнување на претседателската функција.

Давутоглу вчера изјави дека попрво ќе го „прегази своето его“ отколку да ги загрози интересите на својата владејачка Партија на правдата и на развојот, од која доаѓа и претседателот Ердоган.

Конечната одлука сè уште не е донесена, а весникот наведува дека попладне се очекува средба меѓу Ердоган и Давутоглу.