Свет Балкан Давутоглу претпочита нови избори во Турција

Давутоглу претпочита нови избори во Турција

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, денеска, по неуспешните преговори со претставниците на опозицијата, изјави дека претпочита да се одржат нови предвремени парламентарни избори во земјата, „што е можно поскоро“.

Денешните преговори со претставниците на опозициската Републиканска народна партија, како што се очекуваше, не успеаја.

Давутоглу рече дека перцепцијата на јавното мислење дека претседателот Реџеп Таип Ердоган одбива да формира коалициска влада е „целосно невистинита“.

По 13 години владеење, Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, го загуби апсолутното мнозинство на парламентарните избори. Ваквата загуба го попречи планот за зголемување на овластувањата на претседателот на земјата.

Медиумите пишуваат дека Ердоган не сака да формира коалициска влада, туку се залага за нови избори во надеж дека ќе може да го врати апсолутното мнозинство за неговата партија.