Свет Балкан Давутоглу: Ја гаѓавме ИД

Давутоглу: Ја гаѓавме ИД

Турската војска гаѓала позиции на Исламска држава во Сирија во знак на одмазда откако четири ракети истрелани преку границата го погодија турскиот град Килис, изјави денеска премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.

Премиерот рече дека турската војска реагирала во согласност со своите правила за ангажирање.

Гранатите истрелани од Сирија утринава го погодија Килис. Ова е трет ден по ред како турскиот град е гранатиран.