Економија „Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Подгорица, инвестиција од 3,5 милиони евра

„Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Подгорица, инвестиција од 3,5 милиони евра

По Косово и Албанија, македонската компанија „Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Подгорица, а инвестицијата е во вредност од 3,5 милиони евра, информираат од Стопанска комора на Македонија.

„По 14 години работа на црногорскиот пазар од 2004 година, своето присуство „Даути комерц“ сега го заокружува со сопствен стопански објект во Подгорица, преку кој ќе се третира увезената стока од Македонија, Србија, земји членки на Европската Унија, Азија, Јужна Америка. Препознатлива е преку успешното пласирање на неколку македонски и меѓународни бренда на пазарите во регионот како што се „Бекутан” на Алкалоид АД Скопје, италијанскиот бренд за тестенина „Дивела“, млечниот бренд „Мегле“, се вели во соопштението.

Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески изјави дека „компанијата својот успех го потврдува во исклучително професионалниот начин на продажба и пласирање на производите на пазарот, со развиени најнови технологии во сите свои претставништва.“