Македонија Данкан: Ги повикуваме политичките лидери да работат во интерес на граѓаните

Данкан: Ги повикуваме политичките лидери да работат во интерес на граѓаните

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да формира влада.

„Ова е битен чекор напред. Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интерес на Македонија и на сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да ги помогнеме таквите напори и да ја поддржиме Македонија во нејзините аспирации за ЕУ и за НАТО“, стои во пишаната изјава на Данкан.