Забава Даниел Кајмакоски ги израдува дечињата од „Бамби“

Даниел Кајмакоски ги израдува дечињата од „Бамби“

Евровизискиот претставник Даниел Кајмакоски беше во посета и на заедничко дружење со дечињата од градинката „Срничка“, објект „Бамби“.

Децата од средните и од големите воспитни групи од „Срничка“, објект „Бамби“, имаа можност да се дружат со својот омилен пејач, кој со своето присуство придонесе да се забавуваат и да се чувствуваат среќни, а Кајмакоски за кратко време успеа просториите во градинката да ги исполни со многу емоции и да ги стопли малите детски срца, посакувајќи им среќна Нова година со исполнување на неколку новогодишни песни.