Забава Даниел Кајмакоски, македонски претставник на „Евровизија 2015“

Даниел Кајмакоски, македонски претставник на „Евровизија 2015“

Даниел Кајмакоски

Со песната „Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски синоќа победи на „Скопски фестивал“. Тој следната година ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“ во Виена, Австрија.

Најмногу гласови преку телефонско гласање (3.597) доби Даниел Кајмакоски, втора беше Тамара со 20 поени, а зад неа Еги.

Кајмакоски доби и награда од 20.000 евра.

Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“ е второпласирана и добива парична награда од 10.000 евра. На трето место се пласираше Еги, со нумерата „Да не те сакам“ и освои парична награда од 5.000 евра.