Македонија Дали МВР ќе поднесе пријава за Диме Спасов ќе се знае најдоцна...

Дали МВР ќе поднесе пријава за Диме Спасов ќе се знае најдоцна утре

Во текот на денешниот ден, а најдоцна утре, Министерството за внатрешни работи ќе ги заврши сите постапки околу сообраќајките што се случија во петокот, а во кои беше инволвиран дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Во текот на денешниот ден ќе ги завршиме сите постапки и ќе ги добиете сите детали околу овој случај. Сакаме да знаете дека законите ќе важат еднакво за сите – изјави Спасовски.

По завршувањето на полициската истрага за случајот, официјално треба да бидат познати околностите за сообраќајката во петокот вечерта и дали против дополнителниот заменик-министер Спасов и другите инволвирани во случајот ќе бидат поднесени пријави.

Спасов во петокот направи сообраќајка и избега од местото на настанот додека траеше увидот.