Свет Балкан Дачиќ: Рехабилитацијата на Дража Михајловиќ ја продлабочува поделбата

Дачиќ: Рехабилитацијата на Дража Михајловиќ ја продлабочува поделбата

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, соопшти дека одлуката за рехабилитација на Дража Михајловиќ не претставува чекор кон помирување со вистината, туку само ја продлабочува поделбата.

– Вишиот суд во Белград, кога ја донел срамната одлука, требало да се потсети дека на истиот ден пред 70 години, на 14 мај 1945 година, англиските војници во Италија и во Австрија заробија околу 30.000 усташи и четници и им ги предале на југословенските партизани. Тој податок јасно говори за тоа кои биле сојузниците, а кои непријателите во мај 1945 година – се наведува во соопштението на српското МНР.