Македонија ЦУК: Во моментов се активни шест пожари на отворено

ЦУК: Во моментов се активни шест пожари на отворено

Сè уште се активни пожарите кај селата Тажево и Брезница во Македонски Брод, како и оној кај селата Витово, Мали Илино и Брежани на Илинска Планина

Фото: ЦУК

Од вкупно 41 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, во моментов се активни шест, девет се ставени под контрола, а 26 се изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сè уште е активен пожарот кај селата Тажево и Брезница во Македонски Брод, како и оној кај селата Витово, Мали Илино и Брежани на Илинска Планина.

Гори и во Општина Чашка (село Папрадиште – село Ореше), Општина Петровец (село Градманци – Дивље), кочанско (место викано Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква) и во Студеничани (село Драчевица – село Црвена Вода).