Македонија ЦУК: Вчера имаше 20 пожари во државата, активен е само еден

ЦУК: Вчера имаше 20 пожари во државата, активен е само еден

Под контрола е ставен пожарот во општина Чашка

Фото: ЦУК

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола е 1 и изгаснати се 20, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во општина Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак (нискостеблеста шума и сува трева).

„Под контрола е ставен пожарот во општина Чашка: Планина Мукос, с. Степанци и м.в. Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица (мешана шума). Изгаснати се 20 пожари“, велат од ЦУК.