Македонија ЦУК: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати,...

ЦУК: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати, а три се ставени под контрола

Според Ангелов, акцентот повторно бил ставен на гаснење на големиот пожар на територијата на Македонски Брод врз кој дејствуваат повеќе од 20 дена.

Фото: ЦУК

Заклучно со 13 часот денеска има вкупно 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати, а три се ставени под контрола, додека пет се уште се активни информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, акцентот повторно бил ставен на гаснење на големиот пожар на територијата на Македонски Брод врз кој дејствуваат повеќе од 20 дена.

Активен е и пожарот на Планината Галичица кој се движи од врвот Магаро кон населбата Стење, таму се дејствува со два ер-трактора.

ЦУК добива помош и од пилоти на комерцијални летови кои при прелет преку Македонија до контролата за летање пријавиле два нови пожара.

Пожарникарскиот тим од Унгарија денеска си заминува од Македонија, а од утре на терен ќе дејствува хеликоптер од Словенија.

Полицијата досега откри 10 лица против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување на општа опасност или предизвикување на шумски пожар, а МВР користи и дроновите за полесно да ги улови подметнувачите на шумските пожари.