Ctrl - Z ЕКО ЦУК: Активен пожарот во Липково, вчера имаше 29 пожари во државата

ЦУК: Активен пожарот во Липково, вчера имаше 29 пожари во државата

„Синоќа изгореа три куќи и две помошни простории во селата Бељаковце и Руѓенце“, информира директорот Стојанче Ангелов

Фото: Архива, Центар за управување со кризи

Во текот на вчерашниот ден имаше 29 пожари на отворен простор, од кои само еден е актиквен, оној во општина Липково над селата Извор и Белановце (шумски пожар), информираат во Центарот за управување со кризи.

„Синоќа изгореа три куќи и две помошни простории во селата Бељаковце и Руѓенце. Гореа ниска вегетација и грмушки. Во општина Старо Нагоричане во атарот на селата Канарево, Орах и Ругинце, гореше нискостеблеста шума, грмушки и сува трева“, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој вели дека локализирани се пожарите во општина Зелениково с. Страхојадица, во Орешани, во село Дреново, Октиси, Никиштани, Кадино, Моране, Боговиње, Одри, Мажучиште, ДОлнени, Десово, Калуѓерци, Јаргулица. Локализирани се и пожарите во село Кучичино, во општина Кочани, Лојане, Слупчане, како и пожарите кај селата Долна Белица, Заграчани и Велешта.