Хроника Човечки труп пронајден во атарот на струшкото село Драслајца

Човечки труп пронајден во атарот на струшкото село Драслајца

Човечки труп во фаза на распраѓање вчера попладне бил пронајден во атарот на струшкото село Драслајца, пренесуваат медиумите.

Безживотното тело околу 17 часот кај местото Дупки, во близина на реката Сатеска, го забележал случаен минувач и веднаш пријавил во полиција.

– Увидот беше извршен во присуство на јавен обвинител и на полициски екипи од струшката полиција и од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело е дадено за обдукција во Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот – ја пренесува „А1он“ изјавата на Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.