Македонија Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со премиерот на преодната влада, Емил Димитриев.

Средбата ќе се одржи во 12 часот, во Владата на Република Македонија.

ДИК на вечерашната седница усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други.

На седницата било утврдено дека оваа година на ДИК ќе ѝ бидат потребни финансии во износ од 8 милиони евра, од кои најголемиот дел ќе бидат наменети за подготовка и за реализација на предвремените парламентарни избори.