Главна секција Членовите на ад хок телото за медиуми добија решенија за работа и...

Членовите на ад хок телото за медиуми добија решенија за работа и канцеларии во АВМУ

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите, денеска ги добија решенијата за работа и канцелариите во склоп на Агенцијата за за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), каде што ќе бидат сместени.

На краткиот состанок со директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски тие се договориле да се изготви оглас за избор на петиот член, кој е веќе објавен на страницата на АБМУ.

Иаку, Љубомир Костовски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова денеска беа на состанокот, додека Горан Трпеноски се уште е на годишен одмор.

Сите пет члена треба да се комплетни до 23 август.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и Законот за медиуми беа објавени во службен весник со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.