Македонија Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје.

Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како ќе се проверуваат поплаките што пристигнуваат од граѓаните.

– Ќе најдеме решение да ги провериме и сите спорни адреси што ни ги испраќаат граѓаните, тие ќе бидат детално проверени и ќе биде постапено по нив. Што се однесува до теренската проверка, ќе бидат проверени само спорните места – изјави Чичаковски.

Денешената средба со ДИК била по барање на амбасадорите и на меѓународната заедница кои се интересирале за тоа до каде е вкрстената проверка на податоците и како ќе се одвива теренската проверка на спорните избирачи.