Спорт Четврти трипл-дабл по ред за Расел Вестбрук

Четврти трипл-дабл по ред за Расел Вестбрук

Синоќа во НБА-лигата се одиграа 13 натпревари од кои во шест победи славеа гостинските екипи.

Вечерта, сепак, ја одбележа кошаркарот на Оклахома Сити тандер, Расел Вестбрук, коj со трипл-дабл беше најзаслужeн за победата на неговиот тим над Филаделфија, со резултат 123-118. За Вестбрук ова е четврти трипл-дабл по ред, резултат што никому не му тргнало од рака да го постигне уште од Мајкл Џордан.

Тој натпреварот го заврши со неверојатни 49 поени, 16 скокови и со 10 асистенции.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Индијана – Њујорк 105-82, Орландо – Феникс 100-105, Бостон – Јута 85-84, Бруклин – Шарлот 91-115, Торонто – Кливленд 112-120, Хјустон – Мемфис 100-102, Минесота – Денвер 85-100, Њу Орлеанс – Детроит 88-85, Мајами – ЛА лејкерс 100-94, Сан Антонио – Сакраменто 112-85, Голден стејт – Милвоки 102-93, ЛА клиперс – Портланд 93-98.