Хроника Уапсени четири лица барани за издржување затворски казни

Уапсени четири лица барани за издржување затворски казни

Четири лица од Скопје, кои се барале со судски налог за издржување затворски казни, деновиве биле уапсени од екипи на СВР Скопје и спроведени во затворите „Идризово„ и „Скопје“, информираат од МВР.

Пред три дена, полициските екипи, постапувајќи по судска наредба, ги уапсиле Аднан С. (51), кој се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци за разбојништво и Благоја С. (33), кој треба да издржува затворска казна од три месеци за тешка кражба.

Во четвртокот биле уапсени и Екрем Е. (43), кој бил осуден на затворска казна од две години и шест месеци за разбојништво и Ацо О. (48) кој се барал за издржување казна затвор од една година за фалсификување исправа.