Хроника Четворица насилници од улица ја продолжиле тепачката во банка

Четворица насилници од улица ја продолжиле тепачката во банка

Вчера, околу 14 часот, во полициската станица во Тетово, била пријавена расправија помеѓу двајца тетовци и две момчиња од селото Слатино, која прераснала во физичка пресметка со метални и со дрвени палки, информираат од полицијата.

Според информациите, во тепачката учествувале тетовците Б.Ш. (24) и В.Н. (19) од една и Џ.С. (23) и неговиот врсник Д.С. од селото Слатино, од друга страна.

Во тепачката, според полицијата, В.Н. употребил метална палка со која го удрил Џ.С. по глава, а потоа со Б.Ш. побегнале од местото.

Насилството продолжило во филијалата на Стопанска банка во Тетово, каде во меѓусебната пресметка Б.Ш. и двајцата слатинци оштетиле и дел од инвентарот на банката.

Од полицијата информираат дека четирите момчиња биле приведени и по целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.