Главна секција Четворица починати и 26 новозаразени лица во последните 24 часа

Четворица починати и 26 новозаразени лица во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во последното деноноќие починаа четворица пациенти. Една е пациентка од Скопје (79), пациент од Велес (58), пациент од Прилеп (67) и уште еден пациент од Скопје (63).

Денеска во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

„Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје се направени 317 тестови, преку Ветеринарен факултет – 13, во „Авицена“ – 9, во „Биотек“ 24 и во „Филип Втори“ 71 тест.

Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид-19“, стои во соопштението на министерството.