Македонија Честитка од Владата по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Честитка од Владата по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

„Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од корона вирусот. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата го стави здравјето на сите граѓани на врвно место во борбата за справување со пандемијата и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето“, изјави на прес конференција, премиерот Оливер Спасовски.

Тој упати посебна благодарност на здравствените работнички и работници, како и на вработените во полицијата и армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, создаваат услови да се врати нашето секојдневие во нормала.