Македонија Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври

Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на сите граѓани им го честитам празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, ден на македонската борба за слобода, значаен ден за македонската државност.

– Одбележувајќи го овој значаен датум од македонската понова историја, им оддаваме почит на сите учесници во Народноослободителната борба која го симболизира македонскиот непокор и вековитиот стремеж за слобода. Во Прилеп и во Куманово почна борбата на нашите дедовци и татковци, продолжувачи на делото на славните илинденци, кои со своите дела ни оставија обврска и аманет за зачувување на независноста и на самостојноста на Република Македонија натопена во крвта на паднатите херои – рече претседателот.

Иванов рече дека само сплотени и обединети ќе истраеме, бранејќи ги највисоките македонски интереси пред кои сме соочени денес.

– Предизвиците ќе ги совладаме како и во минатото, еден до друг, сите етнички заедници во земјава, Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бoшњаци, Власи и Роми. Нашата традиција за соживот е нашето најдобро оружје во борбата за успешна и просперитетна држава. Затоа ве повикувам сите заедно, сплотени, да ја градиме Република Македонија како дел од големото европско и светско цивилизациско семејство на кое природно припаѓаме и каде ја гледаме нашата иднина – рече Иванов.