Свет Европа Чешкиот претседател ќе го одликува јорданскиот крал

Чешкиот претседател ќе го одликува јорданскиот крал

За време на претстојната посета на Јордан, претседателот на Чешка, Милош Земан, ќе го одликува кралот Абдула Втори со орден „Бел лав“ и на тој начин ќе му изрази поддршка во борбата против тероризмот и ќе повика на широка поддршка на арапските земји.

Земан, исто така, рече дека тој се противи на воведувањето гранични контроли во Шенген-зоната, бидејќи тоа би значело нејзино укинување и ограничување на слободата на движење. Тој рече дека според негово мислење, против исламските терористи не треба да се војува со граничните контроли, туку, како што и претходно предлагаше, со операции за отстранување на терористичките воени и тренинг-бази во светот.

Земан, во официјална посета на Јордан заминува в понеделник, а ќе ги посети и Обединетите Арапски Емирати, каде со тамошните претставници ќе разговара за безбедносните прашања што се однесуваат на Исламска држава.