Uncategorized Челси сака да го купи Меси

Челси сака да го купи Меси

Челси е спремен да плати 250 милиони евра за да ја покрие откупната клаузула од договорот на Лионел Меси, пишува „Дејли стар“. Иако мала е веројатноста да се случи трансферот, сепак таблоидот наведува дека „сините“ би можеле да го искористат незадоволството на Аргентинецот и очигледниот судир со тренерот Луис Енрике.

Весникот наведува дека „сините“ се спремни да му понудат шестгодишен договор на Меси.

Останува да се види дали Барса ќе се откаже од услугите на својот најдобар играч.