Македонија Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4...

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во Турција.

Во акцијата биле уапсени четири лица, од кои двајца македонски, еден косовски и еден албански државјанин.

Чавков нагласи дека првоосомничениот бил инволвиран и во случајот со Закир Бекири, познат под прекарот Чауш, кој беше обвинет за фалсификување лични карти и пасоши, односно во случајот во јавноста познат како „Фабрика за афери“.

– Заради ваше информирање, истиот беше на извесен начин и во конекција и во случајот што беше поврзан со Чауш, односно со лицето што беше инволвирано со разни криминални активности повзани со фалсификување најразлична документација. Во таа документација најдовме податоци за фалсификување медицинска документација и за првоосомничениот во овој случај – рече Чавков на денешната прес-конференција.