Македонија Бушати: САД клучни за спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

Бушати: САД клучни за спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

Ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење со цел да се обезбеди дека нема да има какви било назадувања во однос на напорите на Грција и на Република Македонија за нормализирање на односите кои ќе ѝ го отворат патот за членство во НАТО, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

– Сега кога двете земји ја поминуваат последната милја кон нормализација, фокусот на САД на ова прашање е од исклучително значење. Особено ако се има предвид дека постојат трети страни кои не го поддржуваат договорот помеѓу Атина и Скопје – рекол Бушати во разговор со извршниот потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Нилсон, пренесува МИА.