Свет Бунтовниците убиле повеќе од 80 цивили во Алепо, соопшти сириската војска

Бунтовниците убиле повеќе од 80 цивили во Алепо, соопшти сириската војска

Сириската војска соопшти дека фронтот Ал нусра и други групации, кои ги нарекува терористички, во изминатите три дена при бомбардирањето на Алепо убиле 84 лица, од кои повеќето жени и деца. Војската наведува дека терористите користеле и хемиско оружје и ракетен оган.

Фронтот Ал нусра во јули ѝ откажа верност на Ал каеда и се преименува во Џабхат фетах ал-шам. Таа е една од водечките бунтовнички групи што учествуваат во офанзива на делови на Алепо кои се под владина контрола во западниот дел на градот.