Главна секција Бугарски „Телеграф“ обвинува: Македонија ни го краде грбот

Бугарски „Телеграф“ обвинува: Македонија ни го краде грбот

Бугарскиот весник „Телеграф“ обвинува дека Македонија го краде бугарскиот грб.

„Владата во Скопје усвои нов државен грб кој е копија на нашиот“, пишува бугарскиот весник „Телеграф“.

Во печатеното издание, весникот, во текст насловен „Македонија ни го краде грбот“, наведува дека македонскиот предлог-грб е симбол на Второто бугарско царство, од кој е произлезен актуелниот грб на Бугарија.
Македонските хералдичари велат дека лавот е карактеристичен симбол за поголем дел од Европа и оти тој е користен дури и од албанските феудалци.

Претседателот на македонското здружение „Хералдика“, Јован Јоновски, вели дека ваков распоред на елементи не е забележан кај ниту една соседна земја.

Засега, весникот „Телеграф“ е единствениот бугарски медиум што реагира на македонскиот предлог-грб, додека другите медиуми ја пренесуваат информацијата за промената, без никакви коментари.