Култура Бугарката Мариана Везарова со изложба во Прилеп

Бугарката Мариана Везарова со изложба во Прилеп

Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров

Уметницата Мариана Везарова од Бугарија, утре, во 19 часот, ќе ја отвори својата прва самостојна изложбата „Едно лето“, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

– Убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите, тоа е она што ме инспирираше за овие дела. Тука е и божјото присуство, силата на љубовта. Ги пренесувам и впечатоците од сенките на дрвјата, нежноста на цветовите. Делата, акрил на платно, ги создавав на убави места низ Македонија, како Михајлово, Валандово, Кавадарци, со многу емоции – вели таа.
Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров. Завршила и арт-менаџмент во Бостон, САД.