Свет Балкан Бугарија забрани носење бурка на јавно место

Бугарија забрани носење бурка на јавно место

Бугарскиот парламент денеска ја поддржа забраната за прекривање лице на јавно место. Според усвоениот закон, никој не смее да го прекрива лицето на јавно место, а во случај на кршење на законот, предвидена е казна од 100 евра за првиот прекршок, до 750 евра за секој следен.

Казнените одредби нема да се применуваат доколку е неопходно таквата облека да се носи, во случај на здравствени проблеми, вршење професии, во рамки на спортски, културни, образовни и слични настани, во верски објекти и кога тоа законски е одлучено поинаку.

Пред почетокот на дебатата за законот, пратениците од партијата на бугарските Турци, Движење за права и слободи, предложија законот да не се разгледува во парламентот бидејќи, според нив, остава можност за реваншизам, односно за радикалните сили да бараат повод за одмазда.

Во повеќе европски земји во изминатите месеци беше забрането носење бурка за да се подобри превенцијата од исламистички терористички напади.

Во Бугарија околу 13 отсто од граѓаните се од муслиманска вероисповед и таа е земја со најмногу муслимани во ЕУ.