Македонија Буџетот на Јанева денеска и утре на комисии, в среда на пленарна...

Буџетот на Јанева денеска и утре на комисии, в среда на пленарна седница

На комисиска расправа во Собранието денеска ќе се разгледува буџетот на Специјалното јавно обвинителство за тековната 2016 година. Со предлог-одлуката за релокација на средства од буџетот, се предвидува за ова обвинителство да бидат издвоени околу четири милиони евра, од кои поголем дел се наменети за плати.
Предлог-одлуката прво ќе ја разгледува Комисијата за финансирање и буџет, утре е предвидено да се најде на дневен ред на Законодавно-правната комисија, а пратениците ќе одлучуваат по неа на пленарна седница закажана за среда.