Дописници Буџетите на општините на јавна расправа

Буџетите на општините на јавна расправа

Пред законското усвојување на буџетот за 2015 година, неколку општини во Источна Македонија почнаа со јавните расправи. Општина Кочани раправата по предлозите за буџетот ја организираше на почетокот на декември, во исто време со презентирање на нацрт-верзијата на документот.

Општината Виница јавната расправа ќе ја има утре, додека во општината Штип денеска ќе се разговара за предлог-буџетот. При тоа, поканети се граѓани, урабани заедници, претставници на бизнис-заедницата, на невладиниот сектор и на медиумите да ги дадат своите предлози. Овие предложени проекти, треба да се најдат пред советниците на последната седница во годината, кога треба да се усвои буџетот.

Невладините организации, кои ја следат трансапарентноста на општините, забележуваат дека овие јавни расправи се формални, задоцнети, без вистинска можност да се вградат во буџетот предлозите што произлегуваат од расправата.