Економија Бројот на туристи во јануари изнесува 38.162

Бројот на туристи во јануари изнесува 38.162

Бројот на туристите во јануари изнесува 38.162 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 16,3 отсто, а бројот на ноќевањата е 78.667 и во однос на јануари 2015 година е зголемен за 20,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 14,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 17,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 27,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,6 отсто.