Економија Бројот на странски туристи се зголемува, а на домашни се намалува

Бројот на странски туристи се зголемува, а на домашни се намалува

Бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82.084, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943. Во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 7,4 проценти, а бројот на ноќевања е намален за 0,1 отсто.

Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на истиот период, е намален за 2,8 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,6 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 9,2 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,8 проценти.

Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6 проценти, а кај странските има зголемување за 17 проценти.

Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,7 отсто и тоа, кај домашните туристи има намалување за 9,9 проценти, а кај странските има зголемување за 10,6 проценти.