Економија Бројот на слободни работни места е 6.747

Бројот на слободни работни места е 6.747

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,47 проценти, односно има 6.747 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,36 проценти, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,12 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет, имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,19 проценти.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,50 проценти.

Најголем број слободни работни места, односно 2.306, има за работници во услужни дејности и во продажба.