Економија Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 18 проценти во однос...

Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 18 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-август, на двата аеродроми е забележано зголемување на бројот на превезени патници за 18,3 проценти, споредено со истиот период минатата година.

Од двата аеродроми, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1.021.713 патници. Во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863.716 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до август 2015 година, регистрирани се вкупно 948.998 патници и во споредба со истиот период од минатата година, кога биле превезени 812.426 патници, се забележува зголемување од 16,8 проценти.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, исто така е зголемен бројот на патници за периодот јануари-август 2015 година. Годинава се превезени 72.715 патници, додека во истиот период лани таа бројка изнесувала 51.290 патници.

Врз основа на реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации се Истанбул, Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон.