Економија Бројот на дозволи за превозниците до Германија, зголемен за 18 проценти

Бројот на дозволи за превозниците до Германија, зголемен за 18 проценти

На состанокот на Македонско-германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и на стока, што се одржа во Бон, е договорена прелиминарна квота дозволи за следната година, која е поголема за 1.200 дозволи или за 18 проценти повеќе од досегашната.

Договорена е и размена на дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со стандарди „еуро 5“.

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека договорените квоти во целост ќе ги задоволат потребите на македонските превозници кои вршат превоз на стока до и низ територијата на Германија.