Македонија Бројот 192 утре со привремен прекин во Скопје, граѓаните да пријавуваат на...

Бројот 192 утре со привремен прекин во Скопје, граѓаните да пријавуваат на 112

Граѓаните утре во периодот меѓу 8 и 10 часот можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 за да пријавуваат настани

Фото: Министерство за внатрешни работи

Телефонскиот број 192, од технички причини, утре, сабота, нема да биде во функција во Скопје и тоа во периодот од 8 до 10 часот наутро, информираше Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје).

Оттаму додаваат дека во наведениот период граѓаните можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 и на него да пријавуваат настани.

Информацијата се однесува само на функционирањето на бројот 192 во регионот на Скопје, каде се очекува овој телефонски број повторно да биде вратен во функција после 10 часот.