Свет Европа Британско разузнавање: Алкохолот е меѓу главните причини за не-борбените загуби на Русија...

Британско разузнавање: Алкохолот е меѓу главните причини за не-борбените загуби на Русија во Украина

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство посочува дека на претераната конзумација на алкохол во руското општество „одамна се гледа како тактички прифатлив дел од воениот живот, дури и во борбените операции“

Фото: Укринформ

Од почетокот на целосната воена инвазија на Украина, вкупните загуби на Русија достигнаа 200.000 војници, од кои значајно малцинство се случиле поради не-борбени причини, објави украинската новинска агенција Укринформ цитирајќи го британското Министерство за одбрана.

Забележани се екстромно голем број на инциденти поврзани со конзумација на алкохол, се вели во извештајот на Министерството.

Во овој извештај се посочува дека на 27 март 2023 година, на руски Телеграм канал за вести е објавено дека меѓу руските трупи имало „екстремно голем“ број на инциденти, злосторства и смртни случаи поврзани со конзумација на алкохол.

„Другите водечки причини за не-борбени жртви најверојатно вклучуваат лошо управување со оружје, сообраќајни инциденти и климатски повреди како хипотермија. Руските команданти најверојатно ја сметаат злоупотребата на алкохолот како значително отежнувачка во борбената ефикасност“, се вели во извештајот.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство посочува дека на претераната конзумација на алкохол во руското општество „одамна се гледа како тактички прифатлив дел од воениот живот, дури и во борбените операции“.

Инаку како што објави Генералштабот на украинските вооружени сили, во последните 24 часа продолжуваат нападите од руска страна во близина на градовите Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка.

Според нив, во последните 24 часа, Русија извршила 2 ракетни напади, 30 воздушни напади и повеќе од 40 напади со ракетни фрлачи врз украинските позиции, како и врз цивилната инфраструктура во населените места.

„Руската Федерација изврши уште еден ракетен напад врз цивилни објекти во градовите Друживка и Авдивка, во Донецкиот регион, користејќи балистички ракети. Има мртви и повредени меѓу цивилното население“, се вели во извештајот.