Македонија Британскиот амбасадор Метју Лосон положи испит за македонски јазик

Британскиот амбасадор Метју Лосон положи испит за македонски јазик

Фото: Скриншот

Метју Лосон, британскиот амбасадор во земјава положил испит за познавање на македонски јазик, ниво Ц1. Тој за ова објави на Твитер, каде што постирал и кусо видео обраќање во кое им порачува граѓаните да го негуваат јазикот и културата.

„Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик“, напиша амбасадорот на Твитер.