Свет Европа Британски експерти сметаат дека е можна војна меѓу Русија и Европа

Британски експерти сметаат дека е можна војна меѓу Русија и Европа

Кралскиот институт за меѓународни односи во Лондон „Четам хаус“ проценува дека можно е да дојде со судир меѓу европските држави и Русија и оти Европа мора да се подготви за „ограничена вооружена акција“.

Авторите на документот, шест експерти специјализирани за односите меѓу Русија и Евроазија, сметаат дека е неопходно да се најде „поефикасен начин за рускиот режим и Русите да се уверат дека за нивите национални интереси е добро Русија да се интегрира во Европа, а не да се изолира како регионален моќник“.

Според експертите, европските држави ја „потценуваат опасноста што последните години доаѓа од Москва“, но и не успеале да одговорат на „руската агресија кон Украина“.

Тие наведуваат дека сè до 2013 година се верувало оти Русија „може да биде конструктивна и здрава членка на меѓународната заедница“, но досега, „додека Москва го следи овој политички правец, таа не може да биде ниту партнер, ниту сојузник“.

Авторите на извештајот сметаат оти можно е украинскиот конфликт да доведе до директен судир меѓу Русија и европските држави. Тие ги повикаа Европејците да се „подготват за тешкотии, кои неизбежно ќе настанат кога во Русија ќе дојде до промена на власта“ и апелираат оти е потребно да се зајакнат НАТО-силите и да се обнови вооружувањето.