Технологија Гаџети Британската ТВ „Скај“ влегува на пазарот на мобилни телефони

Британската ТВ „Скај“ влегува на пазарот на мобилни телефони

Британската телевизија „Скај“, за која се плаќа претплата во Велика Британија, планира во 2016 година да направи пробов во областа на мобилните телефони со шпанскиот „Телефоника“, сопственик на операторот „О2“, што би довело до создавање моќен играч на британскиот пазар на телекомуникации, кој во моментов се реструктуира.

„Скај“, која за крако време го зазеде второто место во Велика Британија во обезбедување интернет со голема брзина за поединци, откако пред седум години влезе на пазарот, ќе ја изнајмува безжичната мрежа на „Телефоника“ во Британија, која ќе ѝ овозможи преку сателитски емитери првпат на своите претплатници да им понуди аудиокомуникација и размена на податоци.

Финансиските детали за трансакцијата засега не се објавени.

Спогодбата меѓу „Скај“ и „Телефоника“ би можела да преставува лоша вест за телекомуникацискиот оператор „Скај“, кој на клиентите преку линкови им нудеше содржини на оваа британска телевизиска куќа.