fbpx

Трас: Кралицата ќе биде трајна инспирација за новите генерации

-

Голем број светски лидерти денеска изразија сочуство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора. Во меѓувреме, илјадници граѓани се собираат пред Бакингемската паката да изразат сочувство и да остават цвеќе. Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II. Сочувство изрази и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

„Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Говорејќи пред Даунинг стрит, британската премиерка Лиз Трас ја опиша кралицата како „карпа на која е изградена модерната Британија“.

„Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“, рече во своето обраќање британската премиерка Лиз Трас која оддаде почит на кралицата, по нејзината смрт на 96 годишна возраст.

Таа ја опиша кралицата како „карпа на која е изградена модерната Британија“, додавајќи дека „Британија е одлична земја денеска поради неа и дека кралицата била лична инспирација за неа и за многу Британци и дека нејзината посветеност на должноста е пример за сите.“

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден издадоа изјава за смртта на кралицата, опишувајќи ја како „повеќе од монарх”. Во соопштението на Белата куќа се вели:

„Во свет на постојани промени, таа беше постојано присуство и извор на утеха и гордост за генерации Британци, вклучително и многумина кои никогаш не ја познавале својата земја без неа. Постојаното восхитување за кралицата Елизабета Втора ги обедини луѓето ширум Комонвелтот. Седумте децении од нејзиното владеење на создавање историја сведочеа за доба на невиден човечки напредок и напреден марш на човечкото достоинство“, рече Бајден.

Канадскиот премиер Џастин Трудо кажа дека со најтешка болка ја примил веста за смртта на најдолготрајниот канадски суверен, нејзиното височество кралицата Елизабета Втора.

„Таа беше постојано присуство во нашите животи и нејзината услуга за Канаѓаните засекогаш ќе остане важен дел од историјата на нашата земја”, рече тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сочувство и кажа дека таа била пример и инспирација за милиони луѓе.

„Нејзината посветеност на германско-британското помирување по ужасите на Втората светска војна ќе остане незаборавна. Ќе нѝ недостига, а посебно нејзиниот прекрасен хумор”, рече Шолц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...