Свет Европа Брисел предлага нови правила за добивање азил

Брисел предлага нови правила за добивање азил

Европската комисија предложила нови правила за добивање азил и за преселување во рамки на ЕУ, соопштија претставници на организацијата.

Во соопштението, првиот потпретседател, Франс Тимерманс, наведува дека се предложени реформи кои се однесуваат за лица што имаат потреба за брза меѓународна заштита, но и за тие што немаат право на заштита во ЕУ и кои бргу може да бидат вратени.

Пред да стапат на сила, предлозите мора да бидат одобрени од Европскиот парламент и од земјите на ЕУ.

Со предложените одредби би требало да се обесхрабри таканареченото „купување азил“, кога барателите на азил одат од една земја на Унијата во друга во потрага по најдобра понуда.